• петок, 20 февруари 2026

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра 

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра 

Неготино, 20 февруари 2026 (МИА) - Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена, соопштија од СВР - Велес. 

Се преземале мерки за расчистување на настанот. свд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан